Државниот испитен центар демантира дека екстерното тестирање го реализираат заменски наставници и тестатори

Државниот испитен центар демантира дека екстерното тестирање го реализираат заменски наставници и тестатори

Додека наставниците штрајкуваат, ним им се донесени заменски тестатори за спроведување на екстерното тестирање, денеска ја пренесуваа медиумите изјавата на првиот човек на СОНК,
Јаким Неделков.



На оваа изјава Државниот испитен центар објави демант кој го пренесуваме во целост

"Државниот испитен центар ги квалификува како апсолутно невистинити, натписите во дел од медиумите според кои процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, го реализираат заменски наставници и тестатори.

Се работи за известувачки содржини кои имаат за цел да придонесат и одработат единствено во насока на реализација на манипулативните, јавно изнесени цели на наводниот штрајк кој го организира претседателот и потесното раководство на синдикалната организација.

Имено, процесот го реализираат истите наставници кои во текот на подготвителниот период за реализацијата на оваа законска одредба, беа обучени од страна на обучувачите ангажирани од Државниот испитен центар."


Целата ситуација загрижува во овие медиумски (не)усогласувања околу тоа како е ситуацијата на терен и покрај известувањето, но изгледа дека најголема штета од ова ќе претрпат учениците.