Оглас за вработување во Централниот регистар на Република Македонија
Врз основа на член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Р. Македонија" број 145/2014- пречистен текст) и член 24 став 1 точка 2 од Статутот на Централниот регистар на Република Македонија, ВД Директорот на Централниот регистар на Република Македонија на 23. 01. 2015 година, донесе
ЈАВЕН ОГЛАС
Централен регистар на Република Македонија има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со 1 (еден) работник и тоа со:
A. 1 еден работник со IV/1 степен ССП и работа на компјутер, без работно искуство на работно место- Референт за регистрација во Регионална регистрациона канцеларија Скопје и основна плата 25. 923, 00 ден;
- Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата).
- Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8, Зо часот a завршува во 16, Зо часот.
Сите кандидати треба да ги достават следните документи:
Молба со кратка биографија;
Копија од лична карта;
Копија од Уверение Диплома за завршено образование;
Копија од Уверение Диплома за познавање на работа на компјутер
Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта. Телефон за контакт 3 288 101, лице за контакт Катерина Филиповски. Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесетипет) работни дена по истекот на рокот за пријавување, a доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови. Некомплетните и ненавремено поднесените молби нема да се разгледуваат. Централен регистар на Република Македонија Скопје