"Малиот принц": Сите возрасни прво беа деца, но мал дел се сеќаваат

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

малиот принц

 

„Луѓето кадешто живееш ти“, рече малиот принц, „растат 5.000 рози во една градина... а сепак не го пронаоѓаат она што тие го бараат...


Не го пронаоѓаат“, одговорив јас.

А сепак она што го бараат мое да се пронајде во една роза или малку вода...“

Секако“, одговорив јас.

А малиот принц додаде, „Но очите се слепи. Мораш да гледаш со срцето“.

Не е непознато дека голем дел од животната мудрост е сокриена во детските приказни, обидувајќи се да открие тајна порака на вистинските вредности на животот и преку примери да го прикаже правилниот пат на размислување, дејствување и благосостојба. Не е непознато дека „Малиот принц“, иако е дел од детската литература; претставува книга која мора да ја прочита секој возрасен човек затоа што дури и после 70 години, таа ги содржи најголемите животни лекции кои човек треба да ги знае.

Иако навидум им зборува на децата, авторот на „Малиот принц“ им се обраќа на сите луѓе, а текстот во книгата може да се прочита од различна перспектива и неговото значење да се толкува на различни начини, од бајка до филозофска расправа. Преку преглед на цитатите и илустрациите, сите можеме да се согласиме дека бајката на Сент-Егзипери не е лекција, туку покана покана да го сфатиме животот сериозно и да гледаме само преку нашите срца.

 

ГАЛЕРИЈА