Оглас за вработување во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 22 став 1 точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ"- пречистен текст 145/2014), по добиената согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансики средства на упразнети работни места според Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 9/2015
за вработување на неопределено работно време за прием на:
1. Број на извршители: 10
Работно место: Виш референт за стручно административни работи
Посебни услови: IV ссс- Без работно искуство
- посветеност на работата;
- способност за работа под притисок;
- креативност и иницијативност;
- ефективна и писмена комуникација
Звање: Виш референт
Сектор: Сектор за шумска полиција во Одделение за стручно администативни работи
2. Број на извршители: 13
Работно место: Виш референт за информатика
Посебни услови IV ссс- Без работно искуство
- посветеност на работата;
- способност за работа под притисок;
- креативност и иницијативност;
- ефективна и писмена комуникација
Звање: Виш референт
Сектор: Сектор за шумска полиција во Одделение за стручно администативни работи
3. Број на извршители: 13
Работно место: Виш референт за стручно административни работи
Посебни услови
- Без работно искуство
- посветеност на работата;
- способност за работа под притисок;
- креативност и иницијативност;
- ефективна и писмена комуникација
Звање: Виш референт
Сектор: Сектор за шумска полиција во Одделение за внатрешна контроланезависна единица
Неделното работно време е од понеделник до петок 8 работни часа (8.30-16.30), основна плата 14. 578 денари. Покрај доказите за исполнување на општите услови, предвидени во Законот за работни односи кандидатот треба да ги исполнува и посебните услови наведени во огласот. Кон пријавата кандидатот за работните места потрено е да достави кратка биографија, диплома за завршено образование, уверение за државјанство, извод на матична книга на родените, уверение за неосудуваност (не постаро од 6 месеци). Пријавата со потребната документација е должен да ја достави во оригинал или копија заверена на нотар со адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство улица ,Аминта Трети„ број 2- Скопје со назнака „оглас за вработување„. Огласот трае 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето. Ненавремената, некомплетната и неуредно доставената документација нема да биде предмет на разглвдување. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО