Пракса во АрцелорМиттал

Пракса во АрцелорМиттал





АрцелорМиттал Скопје е водечки светски производител на челик. Поседува објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји, што го прави лидер на сите главни пазари за челик.
АрцелорМиттал ЦРМ Скопјее еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

Почнувајќи од топловалани котури како влезен материјал, фабриката има постројки за реализација на постапно производство на овие производи: лужење, ладно валање, жарење, поцинкување, пласификација, рамнење, контрола на квалитет и пакување.

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди можност за спроведување на 3 месечна практикантска работа во одделите за:

-    Производство – Проекти и одржување  (Машински Факултет со одлично познавање на AutoCad)
-    Односи со клиенти – Внатрешен транспорт (Машински Факултет)
-    Односи со клиенти (Економски Факултет)

Сите студенти (последна година на додипломски студии или на постдипломски студии) кои имаат одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини (Word, Excel, Power Point), се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV  на HR.Skopje@arcelormittal.com , со назнака за кој Оддел аплицирате.

За време на практикантската работа, студентите ќе се запознаат со работата на АрцелорМиттал ЦРМ Скопје.

Краен рок за аплицирање 05 Февруари 2015.

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди можност за спроведување на 3 месечна практикантска работа во Одделот за Информатичка технологија.

Сите заинтересирани студенти (завршна година или постдипломци) кои покрај компјутерски hardware имаат познавање и од компјутерски мрежи, серверски Windows OS и web based апликации (апликации кои одат до повеќе крајни корисници) и кои имаат одлично познавање на англиски јазик, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се ориентирани кон успех, можат да ја испратат својата Апликација/CV на HR.Skopje@arcelormittal.com, со назнака “ИТ Практикант”

За време на својата работа, студентите ќе се стекнат со практично искуство и познавање на практиките на АрцелорМиттал.

Краен рок за пријавување е 6 Февруари 2015.