Филмовите кои Роџерт Еберт ги мразеше

Филмовите кои Роџерт Еберт ги мразеше

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кога Роџер Еберт мразел одреден филм, тој не одбирал зборови за да ги искаже своите мислења. Наместо тоа, тој го кажувал тоа директно и гласно. Помеѓу неговите најмалку омилени филмови се наоѓаат некои кои се обожавани од поголемиот дел од популацијата.


Така, на листата се наоѓа „Армагедон“, кој според Еберт бил „навреда за очите, ушите, мозокот, свеста и човековата желба за забава. Без разлика колку плаќаме за да влеземе, повеќе вреди излегувањето надвор...“

За „The Brown bunny“, Еберт има напишано дека „колоноскопијата која ја имав еднаш и ја гледав на ТВ беше позабавна“. Кога режисерот му одговорил на критиката со исмевање на неговата прекумерна тежина, тој рекол: „Вистина е дека сум дебел, но еден ден ќе бидам слаб, а тој секогаш ќе остане режисер на ,The brown bunny“.


Пишувајќи за „Mad Dog Time“, тој изјавил дека тоа е „првиот филм кој го гледав кој не е подобар од гледање во празен екран ист период. Ах, сум гледал лоши филмови порано. Но, тие обично ме загрижуваа за тоа колку се лоши. Гледањето на овој филм е како чекање автобус во градот кадешто не сте сигурни дека поминува автобус.“

„Good Luck Chuck“ е опишан кратко и јасно: „Има свет за овој филм, тој свет е: Фуј.“

За „Чарлиевите ангели“, тој напишал дека е „како трелер за филм за видео игра, само што ја нема видео играта и го нема филмот“.


Кога станува збор за „Хокус Покус“, Еберт сметал дека „еден од многуте проблеми со филмот, а можеби и најголемиот, е дека сите три вештерки се многу непријатни. Тие немаат карактери, имаат препознатливи однесувања. Добриот филм ја инспирира публиката потсвесно да бара уште. Вештерките во филмот ме инспирираа во себе да викам: ,Извадете ме одовде!“

Еберт не го сакал ниту „Томи бој“. Тој напишал: „Никој не е смешен во филмот. Нема препознатливи фрази. Никој од ликовите не е интересен, освен енигматичната фигура играна од Роб Лоу, кој изгледа како изваден од ,Хамлет'.“