Трикови за подобро користење на

Трикови за подобро користење на "Mozilla Firefox"

Подготвил: Драгана Петрушевска

Луѓето се делат на два видови: „Chrome“ и „Firefox“. Овој текст е за оние во втората група.


Инстант видео разговор

Новата верзија од софтверот вклучува алатка слична на „Скајп“ која не бара дополнителни апликации или додатоци. За да започнете сесија, притиснете на „Hello“ (во „Customize“), а потоа одберете „Start a conversation“ и ќе се отвори прозорец со кој може да поканите некого да разговарате.


Подобро пребарување

Од неодамна, пребарувањето со „Firefox“ е многу подобро. Брзо може да се префрлате на различни пребарувачи во зависност од она што го барате. Започнете да пишувате во делот во десниот горен агол и ќе видите алтернативи кои ќе ви се појавуваат долу. Одберете „Change search settings“ за да додадете или отстраните пребарувачи.

Додадете клучни зборови во зачуваните страници

Со нив може да ги пронајдете побрзо во прелистувачот. Со десен клик одберете „Properties“ и напишете ги одбраните зборови. Оневозможете го чекањето „Firefox“ прави да чекате 5 секунди пред да инсталирате нов додаток за да не згрешите. Доколку не сакате да чекате, внесете about:config во адресниот бар и барајте го делот: security.dialog_enable-delay. Двоен клик на него ќе го промени чекањето на нула.



Содадете главна лозинка

Како и повеќето прелистувачи, „Firefox“ ги помни сите податоци за страниците кои ги посетувате. Но, секој кој ќе седне на вашиот компјутер може да ги види вашите лозинки. За да го направите ова потешко за нив, создадете главна лозинка за заштита на сите останати. Во менито одберете „Options“, па „Security“. Означете ја кутијата „Use a master password“ и програмата ќе побара од вас да напишете лозинка.



Избришете посебни страници од историјата

Започнете да го пишувате името на страницата во „Awesome bar“ на врвот. Означете го и потоа притиснете „Deletе“. Ова не функционира за страниците кои биле зачувани во „Bookmarks“.

Посетете го „Пазарот“

Можеби не знаете дека „Мозила“ тестира нов портал за „Marketplace“ кадешто ќе бидат достапни сите додатоци за прелистувачот. Тој работи и на телефонски уреди и на компјутер.