Отворени се нови 43 работни места без работно искуство во ...

Отворени се нови 43 работни места без работно искуство во ...

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 50/2015
за вработување на 43 државни службеници во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за следните работни места: 

1. Помлад соработник за техничка поддршка, Одделение за идентификација на земјишни парцели – СИЗП, Секторот за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели (20)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Биотехнички науки, Општествени науки или Природно математички науки
- Без работно искуство
- познавање на англиски јазик
- одлични интерперсонални насочувачки вештини
- способност за објективно разгледување и развивање на нови решенија за одредени прашања
- одлични организациски вештини
- поседување на мотивација за успех и волја за развивање на сопствените потенцијали
- посветеност на работата и способност за работа во услови на притисок
Плата: 20.961,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Помлад соработник за анализа и обработка на податоци од областа продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, Одделение за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост (23)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Биотехнички науки, Општествени науки или Техничко технолошки науки
- Без работно искуство
- одлични интерперсонални и насочувачки вештини
- способност за објективно разгледување и развивање на нови решенија за одредени прашања
- познавање на работа со компјутери (Word, Excel)
Плата: 20.961,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 50/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.