Пракса во

Пракса во "Green budget Europe", Белгија


„Green budget Europe“ е платформа која работи на промовирање дијалог и создавање напредок на фискалните реформи за околината на ниво на целиот свет. Организацијата бара практикант кој ќе помага во работата со организација на настани, одржување на интернет-страницата и мало истражување на зададени теми од областа.

Кандидатите треба да се студенти или да добиле диплома пред најмногу 18 месеци, да студираат во областа на економијата, политиката и околината, да зборуваат англиски и француски јазик. Волонтерите ќе работат во Брисел и ќе добиваат 200 евра месечно.

Рок за пријавување: 11 февруари.

Официјална интернет-страница.