Робот започна да управува со метро во Москва

Робот започна да управува со метро во Москва

Подготвил: Драгана Петрушевска

Во метро во Москва бил пуштен првиот воз со автопилот. Роботот е во тест период.


Планот е до 2017 година поголемиот дел од возовите да бидат управувани само со роботи. Валериј Бузовкин, новинар од Москва, беше на местото.

„Роботот вози полека и мирно, така што не се фатив за рачката ниту еднаш. Мислам дека машиновозачите не се загрозени бидејќи во кабината со роботот секогаш ќе мора да има и човек, па никакви масовни отпуштања не се предвидени ниту после фамозната 2017 година“, пишува Валериј.

Новиот систем има цел да ги исполни сите наредби кои ќе му ги зададе „возачот“. Работата на машиновозачите ќе биде намалена, а можеби тие нема да бидат вработени како сега. Наместо тоа, тие ќе го надгледуваат функционирањето на системот и ќе управуваат со отварање и затварање на вратите.

Сепак, на крајот излегува дека човекот е неопходен.