Заборавете го

Заборавете го "duck face", сега има нова мода

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку се нервиравте кога гледавте напрчени муцки насекаде, радувајте се на новиот тренд кој ветува да ги замени. Сега е модерно да се изненадувате пред камера.


Помеѓу сите страшни проблеми на првиот свет посебно се издвојува една: како да се направи совршен израз за „селфи“? Пред неколку години, така се роди „duck face“, а сега луѓето се трансформираат во поинакви изроди.

Имено, сега тие сакаат да изгледаат изненадени во фотографиите, без разлика дали има потреба од тоа или не.

Зборовите се сега излишни. Имаме изненадени „селфиња“ на кило во галеријата.