Денес портокалова предупредувачка фаза. Врнежи од дожд и во сабота и недела

Денес портокалова предупредувачка фаза. Врнежи од дожд и во сабота и недела



Петок ќе го започнеме со претежно облачно и ветровито време. Попладне продор на влажна воздушна маса од запад и северозапад која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд а на планините со врнежи од снег. Оваа нестабилна маса во доцните попладневни часови ќе ги зафати и останатите делови на Македонија. Поинтензивни врнежи се очекуваа во вечерните часови и во текот на ноќта петок спрема сабота, локално се очекува да наврнат и над 40 литри дожд. Поради обилните врнежи и силен ветер ќе биде намалена и видливоста, затоа апелираме на возачите да бидат внимателни.

УХМР за денеска издаде портокалова предупредувачка фаза.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Утринските температури од -1°C до 7°C , а максималните температури ќе се движат од 3°C до 11°C.

Во Скопје во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна ќе достигне до 8°C.
Сабота наутро ни носи умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито време. Поинтензивни врнежи повторно се очекуваат во вечерните часови и во текот на ноќта сабота спрема недела, локално се очекува да наврнат и над 40 литри дожд. На планините со врнежи од снег. Поради обилните врнежи и силен ветер ќе биде намалена и видливоста, затоа апелираме на возачите да бидат внимателни.

Врнежите ќе бидат пропратени со силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 50 км/ч.

Утринските температури од -2°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.

Облачно со врнежи од дожд и ветровито ќе биде и во недела. На планините над 1000 метри со врнеќи од снег.Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.

Weather4all.com.mk