Ѕирнете во животот на еден од основачите на

Ѕирнете во животот на еден од основачите на "Pirate bay"

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

pirate bay

 

Погоре го гледате местото кадешто се родила тужба од милион долари и меѓународни разговори за цената која се става на уметноста, изразот и размената.

 

Лансирана во Шведска во 2003 година, „Pirate Bay“ беше огромен и бесплатен извор на музика, филмови, софтвери и други работи. Неколку години подоцна, неговите основачи беа прогласени за виновни поради прекршување на авторски права. Страната беше избришана после рацијата на шведската полиција во 2014 година.


Фолијата којашто ја гледате? Таа е дел од TEMPEST протоколот за да се задржат EM електромагнетните сигнали да не ја напуштат собата, која ќе ги спречи другите да го шпионираат нивното работење. Како што покажуваат историските податоци, стравовите на Шеги (момчето на фотографијата) се реализирале, и страната била откриена.