Оглас за вработување во Агенција за вработување на Република Македонија

Оглас за вработување во Агенција за вработување на Република Македонија

 Врз основа на член 16 став (1) од Законот за јавните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/2010, 36/2011, 06/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014). и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на јавните службеници преку јавен оглас (“Службен весник на Република Македонија” бр. 61/2011, 182/2011 и 69/2013)
АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 22/2015
за вработување на 4 јавни службеници во Агенција за вработување на Република Македонија - Централна служба за следните работни места:



1.     Соработник за услуги за поддршка за вработување во Центар за вработување на град Скопје     (1)извршител(и);

    
-       Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС
-       со или без работно искуство
-       MS Office апликации и користење на Интернет
-       одлични организациски вештини
-       одлични комуникациски вештини
-       способност за тимска работа
Плата: 19.500,00 ден
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
 
2.     Соработник за услуги за поддршка за вработување во Центар за вработување Струмица     (1)извршител(и);
    
-       Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС
-       со или без работно искуство
-       MS Office апликации и користење на Интернет
-       одлични организациски вештини
-       одлични комуникациски вештини
-       способност за тимска работа
Плата: 16.000,00 ден
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
 
3.     Референт за шалтерски услуги во Центар за вработување Ресен     (1)извршител(и);
    
-       Степен на стручна подготовка (III) - или IV степен
-       со или без работно искуство
-       MS Office апликации и користење на Интернет
-       одлични организациски вештини
-       одлични комуникациски вештини
-       способност за тимска работа
Плата: 16.500,00 ден
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
 
4.     Соработник за услуги за поддршка за вработување во Центар за вработување Радовиш     (1)извршител(и);

    
-       Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС
-       со или без работно искуство
-       MS Office апликации и користење на Интернет
-       одлични организациски вештини
-       одлични комуникациски вештини
-       способност за тимска работа
Плата: 16.500,00 ден
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
 

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Агенција за вработување на Република Македонија - Централна служба заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на јавни службеници, предвидени во членот 15 став (2) од Законот за јавните службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува пет (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 22/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

    Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 61/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.