Оглас за вработување во Реплек Фарм

Оглас за вработување во Реплек Фарм

Друштвото за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, бара да назначи извршители за следната позиција:

Самостоен стручен комерцијален соработник (за работа на терен)
сектор МИС (1 извршител)



Успешниот кандидат треба да има:
Завршено високо образование- Фармација, Медицина или Стоматологија
Мотивација за работа во високо конкурентна средина
Одлични способности за комуникација и за тимска работа
Професионалност во работењето
Волја да патува и работа во динамична област
Возачка дозвола- Б категорија
Одлично познавање на англиски јазик во пишана и говорна форма
Познавање на работа на компјутер
Со и без работно искуство

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци со можност за продолжување. Работното време запонува во 08, 00 часот, a завршува во 16, 00 часот. Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа. Извршетелот ќе работи во една- прва смена.

Компанијата нуди работно место во висина на плата не помалку од 31. 600, 00 денари.

Ние ви нудиме:
Службен автомобил
Можност за долгорочна кариера во компанија

Ако сте заинтересирани и ги поседувате барањата за позицијата ве молиме да ги доставите следните документи: Кратка биографија (CV) со Ваш контакт телефон Фотокопија од диплома Доказ за работно искуство (листа за стаж од ПИОМ) на следната адреса РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје Ул. Козле 188- 1000 Скопје, Огласот трае до 05. 02. 2015 година. Изборот се врши по пат на лично интервју и тестирање. Контакт телефон (02)3088780.