Општина Карпош има потреба од ...

Општина Карпош има потреба од ...

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 53/2015
за вработување на 7 државни службеници во Општина КАРПОШ за следните работни места: 

1. Раководител на одделение за норматива, Сектор за правни работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Правен факултет/правни науки
- најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 година во државна служба
- работа со компјутери
- раководни и организациски способности
- способност за тимска работа
- способност за решавање конфликти
Плата: 28.277,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Виш соработник за информации за граѓаните, Одделение за информации на граѓаните, Сектор за односи со јавност и информација на граѓаните (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки
- најмалку 2 години работно искуство во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 23.231,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3. Виш соработник за прашања и работи од областа на месната самоуправа, Одделение за прашања од областа на месна самоуправа, Сектор за поддршка на Градоначалникот (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки
- најмалку 2 години работно искуство во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
- способност за решавање конфликти
Плата: 23.231,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

4. Соработник за изготвување на проекти, Одделение за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Сектор за развој на општината (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени, природно-математички или технички науки
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
- искуство во спроведување проекти
Плата: 22.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

5. Соработник за планирање и извршување на буџетот и распределба на средствата по пат на блок дотации и наменски дотации, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Економски факултет
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 22.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

6. Соработник за слободен пристап до информации од јавен карактер, Одделение за информации на граѓаните, Сектор за односи со јавност и информација на граѓаните (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 22.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

7. Самостоен референт - комунален редар, Одделение за комунална инспекција, Сектор инспекторат (1)извршител(и);
- Средна стручна спрема (IV) - техничка или општа насока
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- работа со компјутери
Плата: 15.663,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Општина КАРПОШ заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 53/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.