Езерото кое

Езерото кое "виси" над Атлантскиот Океан

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Доколку сакате совршено зеленило, особено во пролет и лето, Фарските Острови се вистинското место за посета. Оваа група на острови во Атлантскиот Океан, се наоѓа меѓу Шкотска, Норвешка и Исланд.

 

ezero


Островите се автономен регион и на Кралството Данска. Тие претставуваат рај за луѓето кои сакаат долги прошетки и уживање во природата која ги опкружува. Дури и маглата се чини магична, меѓутоа глетката се менува за брзо време, поради непредвидливата клима. Но, она кое во никој случај не смеете да го пропуштите е езерото Сорвагсватн.

Езерото со тешко има изобилува со исклучителна убавина и е познато како „езерото кое виси“. Токму тука се случува магијата. Природната совршеност привлекува голем број на туристи и локални жители кои доаѓаат да го погледнат ова чудо на природата.

Езерото Сорвагсватн се наоѓа на островот Вагар и претставува најголемото езеро на Фарските Остротви. Должината на езерото изнесува околу 6 километри, а висината околу 30 метри од нивото на морето - она што е навистина интересно и привлечно е фактот што езерото е поврзано со Атлантскиот Океан преку водопад. 

 

ГАЛЕРИЈА