Месечен хороскоп за февруари 2015 година

Месечен хороскоп за февруари 2015 година

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Што ви порачуваат ѕвездите овој месец?

 

хороскоп

 

Овен


Работа
- Иако овој месец е најкраток во годината, ве очекува подобрување на работното место, и ќе биде доста подобар од јануари. Ова посебно може да се каже за помладите Овнови, кои во последната година започнаа да работат. Сега е вистинскиот момент за докажување и за реализирање на плановите кои ги започнавте уште минатата година. Февруари може да биде одличен месец, меѓутоа на вас останува да дајте се` од себе, да направите нешто или да започнете нешто што веќе следниот месец би дало резултати.

Љубов - Јануари беше тежок месец за вашата љубовна врска. Ситници создадоа проблеми и непотребни расправии, а овој месец овие проблеми нема да ги има. За да не биде се` идеално, некој од вашето опкружување ќе се обиде да во вашиот љубовен живот да внеси немири и ќе ве натера за момент да се посомневате во искреноста на вашиот партнер. За оние слободните ќе биде одличен месец за запознавање на нови личности и заљубување.

Здравје - Следува сезона на грипови, па добро би било да го зајакнете имунитетот.

Бик

Работа - Ова е ваш месец. Се` што ќе си замислите, ќе ви се оствари, меѓутоа внимавајте, судбината ја бара вашата волја и вашиот напор. Затоа, со здружени сили ќе ги реализирате вашите цели. Сепак, треба да внимавате во овој период да не попуштите и да не газите на вашите принципи. Вие сте силен знак, не го заборавајте тоа.

Љубов - Нервозни сте повеќе од вообичаено, чувствувате дека партнерот не ви одговоара во овој момент, поесбно бидејќи често пати забележувате дека воопшто не ве слуша додека зборувате. Тогаш започнува расправијата, но за брзо време му попуштате и паѓате во негова/нејзина прегратка. Оние кои се слободни навистина уживаат - никој не ве малтретира, не треба да објаснувате каде сте, со кого сте, колку ќе се задржите.

Здравје - Лесно се загрижувате, па потоа цел ден ве следи болка во желудникот. Помалку кафе и цигари.

Близнаци

Работа - Февруари е добар месец за вашите инвестиции, ѕвездите се одлично поставени и не би требало да изгубите. Бидејќи добро ја познавате психологијата на вашиот колектив, знаете дека ќе дојде до несогласувања, но овој пат ќе има позитивни дискусии кои водат до подобро решение.

Љубов - Вие и љубовта, постојана борба на спротивности. Оној кој ќе влезе во вашиот живот, првите неколку дена и мисли дека веќе одлично ве познава. А тогаш започнува вашата игра. Сето тоа води кон поголема страст, вие сте доста возбудлив знак. Меѓутоа вашата маана е тоа што лесно ви се здосадува.

Здравје - Одлично! Единствено ви е потребна рутинска контрола на крвната слика.

Рак

Работа -
Вашата расеаност доаѓа по своето, ги губите клиентите, ви ги одложуваат состаноците. Никому не му се потребни луѓе кои само сонуваат. На работа се цени концентрацијата, мотивираноста, ангажирањето и максималната посветеност во работата. Едноставно, им се смачи на луѓето да се повлекувате и да сте само физички присутни, а со мислите да талкате.

Љубов - Вашата романтична душа понекогаш премногу се залетува, и не умее да застане, па станувате некако заморни за спротивниот пол. За оние слободните вашата моментална љубовна состојба е доста тешка. Се наоѓате во длабока криза, а ви советуваме да зборувате со некој, за да ја согледате објективната страна на ситуацијата.

Здравје - Без енергија.

Лав

Работа - Лавовски се борите на работа, а понекогаш сте дури и агресивни за да дојдете до целта, но во вашиот случај, некако целта ги оправдува средствата бидејќи секогаш работите за општото добро, а не само за себе. Овој месец ќе бидете на врвот на вашата моќ, другите ќе ви ги нудат услугите, а вие потребно е тоа да го запомните. Еден Стрелец ви парира во интелигенцијата и е подготвен да се натпреварува со вас.

Љубов - Вашата врска моментално стагнира. Не разговарате многу, немате некои поесбни планови. Празничните денови целосно ве исцрпија, па сега и двајцата сте пасивни. Оние кои се слободни ги очекува лесен флерт со Риба, такашто можна е кратка авантура од неколку денови.

Здравје - Привремени болки во грбот.

Девица

Работа -
Доколку во текот на јануари сте имале некаков конфликт со колегите и партнерите, ако сте донеле погрешна одлука и сте кажале нешто што не требало, сега работите ќе дојдат на свое место, и се` она што не било добро - во февруари ќе биде. Дефинитивно овој месец е многу подобар од другиот и ќе ви помине многу побрзо и помирно од било кога.

Љубов
- Интересен месец особено за дамите Девици кои во последните неколку месеци се во нова врска. Овој месец би можел да донеси доста пријатни изненадувања, толку убави што ќе ве натераат повторно да се заљубите во партнерот. Девиците кои се во подолга врска, ги очекува период на заладување на односите, но не затоа што нема повеќе љубов, туку затоа што партнерот ќе нема време за емоции.

Здравје - Можност за настинка или грип.

Вага


Работа - Со оглед на тоа дека сте еден од оние знаци кој пред да направи некој потег прво добро размислува за се`, така и вашата добра навика како и секогаш добро ќе дојде при секој нов предизвик. Единствено што не треба да дозволите е другите да ви ги кројат плановите. Личност од знакот на Рак ви мисли лошо и ве озборува.

Љубов - Среќни сте. Се чувствувате поразлично од било кога, како прв пат да дознавате што значи изразот „исполнет/а со љубов“. Досега, како дете, се предававте лесно, понесени од занесот, но не и сега. Нешто или некој, во вас ја разбуди зрелата личност за љубов.

Здравје - Времето е нестабилно и постојано има вируси, па затоа внимавајте.

Шкорпија

Работа - Амбициозни сте и прилично жестоко влеговте во новата година. Сепак не сте дотолку за да газите по другите, туку убаво и позитивно дрско соработувате со сите. На многумина им се допаѓа вашиот став и им претставувате пример. Вашиот шарм и харизма ви помагаат во сето тоа и токму поради тоа се чувствувате фантастично. Сепак, внимавајте - личност од знакот на Девица или Бик се обидува да ви наштети.

Љубов - Вашата страст едноставно не згаснува, постојано сте под дејство на афродизијак. Креветот е вашата територија, и тука никој не може да ви парира, освен ако вашиот партнер е во знакот на Стрелец. Ако имате партнер од друг знак, овој однос е потчинет-доминантен, и тоа ви се допаѓа многу. Кога сте осамени, односно немате постојан партнер, лесно се одлучувате за било кој што ќе ви падне во рака.

Здравје - Преполни сте со енергија. Се чувствувате одлично.

Стрелец

Работа - Ви работи суетата и некако сте потиштени поради туѓиот успех, додека вас никако не може да ви тргне. Кон крајот на месецот работите конечно одат на подобро. Дотогаш, обидете се да се воздржите од негативни коментари на сметка на другите, бидејќи лесно ќе ви прејде во навика да критикувате. Добрата енергија потрошете ја за нови идеи.

Љубов - Одличен љубовен партнер сте во кревет, сите би ви дале признание за одлична фантазија и труд. Но секој медал има и друга страна. Невозможно е да ве освојат на подолга стаза затоа што скоро се` за брзо време ви здосадува. Искрено, секој има право да биде онаков каков што е, и не треба да се обидувате да бидете поинакви.

Здравје - Претерувате со самоанализата и тежнеењето кон совршенството.

Јарец

Работа - Доста добар период е пред вас, вие сте одличен колега и соработувате со сите. Но, имате лоша карактеристика - можете да се претворите во ужасен ѕвер кога нешто не ви е по волја. За среќа, тоа ретко се случува. Воглавно, задоволни сте од туѓите идеи. Гледајте да се контролирате и би било добро во моментите на бес во близина да имате огледало.

Љубов - Стабилноста во врската е поради вашиот партнер со кој моментално сте во врска. Обидете се да се преиспитате дали сте среќни со оваа личност и дали ви одговара врската. Осамени сте и прилично сте нервозни поради тоа. Сакате кога сте со некој. Тогаш сте различни - посталожени и поразумни.

Здравје - Чувајте се од опасните вируси и повеќе престојувајте на свеж воздух.

Водолија

Работа
- Моментално сте пасивни и работите се` што ќе ви речат. Ништо посебно не ве возбудува ниту пак инспирира, такашто во наредниот период треба да се потрудите. Но, најважно е дека сте вредни. Креативноста, која моментално е на пауза, ќе дојде за неколку недели. Само продолжете со вашето вредно работење и никој нема да може да ви пронајде замерка.

Љубов - Нешто не ви дава мир да ја оставите врската мирно да тече. Како да сакате да се случуваат драматични работи. Чувствувате како да ќе се случи нешто неочекувано. За сите слободни, сте се заљубиле за време на празниците и оваа опсесија трае загрижувачки долго, и ќе трае.

Здравје - Станавте хипохондрични. Секоја болка ја анализирате. Сфатете, не ви е ништо.

Риби

Работа - Секоја ви чест на трудот. Оваа година ја започнавте амбициозност. Периодот на расеаност е позади вас. Колегите ве ценат, умеете со зборовите, а на другите тоа им годи. Флертувате со сите. Сакате да собирате поени на сите страни, бидејќи никогаш не се знае кога и од кој ќе ви биде потребна поддршка. Продолжете така. важно е вашата работа да ја сфатите сериозно.

Љубов - Зависни сте од личноста со која моментално сте во врска. Таа ве маѓепса, иако на прв поглед не делуваше вака врз вас. Сега кога се фативте на јадицата како вистинска Риба, целосно станавте зависни од неа и субмисивни. За сите оние кои се слободни, не успевате да се натерате на обично излегување.

Здравје - Хронични болки во грбот.