Што научивме изминатава недела: Македонски (не)секојдневни ситуации

Што научивме изминатава недела: Македонски (не)секојдневни ситуации

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Оваа недела го видовме Скопје во светло несекојдневно за повеќето од нас, дознавме како се создадоа првите факултети во Македонија, им обезбедивме корисни апликации на наставниците, ви покажавме како изгледа канцеларијата на еден хонорарец, и конечно дознавме што ќе се случува на 12-ти април. Ви ги нудиме најинтересните наслови од минатата недела.

 

1

 

Македонски (не)секојдневни ситуации


Доколку убавината на животот е во малите секојдневни работи, тогаш вака би изгледал еден убав просечен македонски живот претставен реално, без цензура.

12 април - денот кој многумина нетрпеливо го очекуваат!

Во кината IMAX моментално се прикажува 4-та сезона на „Game of thrones“. Пред самиот почеток на една од епизодите, беше прикажан трејлерот од 5-та сезона.

Скопје и својата комунистичка архитектура

Во 1965 година, јапонскиот архитект Кензо Танге бил одбран како победник на меѓународен натпревар да го дизајнира и изгради одново центарот на градот Скопје.

Првите факултети во Македонија
 
За време на бугарската окупација, во 1943 била основана првата високообразовна институција во Скопје, универзитетот „Цар Борис III“. Универзитетот престанал да функционира веќе наредната година поради повлекувањето на Бугарија.

Избришете ги овие зборови од резимето веднаш

Кој е вашиот најмалку омилен збор кој го сретнувате во резиме? Работодавците ги откриваат своите најнесакани зборови за „Mashable“.

Кога не ти е денот...
 
Следниот пат кога ќе се изнерирате поради еден краток ситен дожд или дупка во тротоарот, погледнете ги патешествијата на овие непрославени херои кои го поминале денот и успеале да се насмеат на својата лоша среќа на крајот.

Корисни апликации за наставниците по сите предмети
 
Образованието станува сè повеќе зависно и одредено од технологијата. Веќе сега ги замислувам учениците од иднината загледани во своите компјутерски екрани додека професорот ја набљудува нивната работа.

Канцеларијата на еден хонорарец
 
Што им недостасува на овие канцеларии? Па, веројатно сè! Таков е тој хонорарски живот. Крпиш додека можеш, а потоа крпиш пак одново.

Совети како да пребарувате кога учите англиски јазик
 
Ви нудиме одлични совети за пребарување на Google за сите вие кои сакате да го збогатите вашето знаење за англискиот како странски јазик и речникот. Овие совети се поврзани со вградениот речник на Google.

Најголемите лаги кои студентите си ги кажуваат себеси
 
Понекогаш морате да лажете во текот на животот за да поштедите нечии чувства или едноставно да не повредите некоја личност. Но, понекогаш таа личност сте токму вие. Не сакате да се повредите самите себеси? Распоредот и така ви е пренатрупан и нема потреба да се чувствувате лошо кога веќе сте под стрес?

Пивара Скопје: Обука за млади менаџери
 
Пивара Скопје АД Центар за образование и обука Ве поканува да се пријавите на обуката за млади менаџери.

Меѓународен бизнис предизвик за сите

Глобалниот бизнис предизвик на „Hult“ е отворен за сите. Наградата е патување во Лондон. Предизвикот се состои од 16 прашања кои мора да ги одговорите за 30 минути.

Омажи се за твојот најдобар пријател...
 
Омажи се за твојот најдобар пријател. Не го велам ова онака. Пронајди вистинско, најсилно и најсреќно пријателство во личноста во која ќе се заљубиш.

Големи грешки кои не ги забележавте во "Титаник"
 
Да бидеме искрени, снимањето филм е комплициран процес, а најчесто актерите ги добиваат најдобрите коментари. Не мислиме на сите уредници кои потрошиле денови и ноќи поправајќи грешки и спојувајќи сцени за да го добијат крајниот производ во кој ние уживаме. Но, кога има грешки во еден филм, уредниците дефинитивно се спомнуваат и остануваат запомнети.

Видео: Мурињо рекламира српска видео игра
 
Погледнете ја новата реклама за новата верзија на една од најпопулатните видео игри во светот, „Top Eleven Be a Football Manager”. Во главна улога е заштитното лице, менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.

Порака до средношколците
 
Сè повеќе деца имаат проблем со лошиот однос од страна на своите соученици. Од друга страна, сè повеќе се зборува на оваа тема. Проблемот се признава како значаен во развиените земји. Поранешниот професионален борач Марк Меро е последната позната личност која зборува на темата. Неговиот говор ги доведе средношколците во публиката до солзи.