Момчето што ќе го промени Вашиот поглед кон светот

Момчето што ќе го промени Вашиот поглед кон светот

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Не е тајна дека многу луѓе страдаат од некоја форма на ментална болест. Додека голем дел од овие потенцијално штетни болести не се дијагностицираат, едно момче се обидува да ја подигне свеста во врска со оваа тема.

 

ментално


Откако дознал дека некои од неговите пријатели страдаат од депресија, Џек Хариес одлучил дека претставува императив да се подигне свеста кај луѓето во врска со оваа тема. Неговото видео зборува како општеството гледа кон менталната болест и како ние можеме да помогнеме.

Она што тој го вели истовремено е вознемирувачко и за жал, вистинито. Мора да започнеме да се залагаме и да ја подигнеме свеста за луѓето кои страдаат од ментална болест. Нашата задача е да се осигураме дека нивното ментално здравје и стабилност ќе останат недопрени за доброто на секој.