Натпревар за глобално влијание од универзитетот

Натпревар за глобално влијание од универзитетот "Singularity"


Универзитетот „Singularity“ има мисија да образува, инспирира и поддржи интелигентни умови да ја применат технологијата за подобрување на општеството. Целта на глобалните натпревари кои ги одржуваат е наоѓање проекти кои ќе имаат позитивно влијание на животите на луѓето во регионот. Моментално се примаат проекти за нашиот регион.

Кандидатите треба да учествуваат со проекти кои имаат цел да го подобрат животот на најмалку еден милион луѓе преку моќта на технологијата. Победникот ќе добие стипендија од 30.000 американски долари да учествува на студиска програма ова лето.

Рок за доставување на проекти: 8 март.

Официјален повик.