Фото: ГРУПЕР го прослави својот 4ти роденден

Фото: ГРУПЕР го прослави својот 4ти роденден



Лидерот во групно купување и е-трговија, Grouper, изминатава сабота (31.01) го прослави својот 4ти роденден со традиционална голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1000 гости. Забавата се одржа во City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители. Во роденденски дух, беа доделени 400 вредни подароци на присутните.

Настанот беше отворен со хуморот на Жарко Димитроски, а гостите се забавуваа со музиката на неповторливите Тумбао Салса Бенд, кои приредија одлична журка. Покрај нив, за позитивната атмосфера допринесе и славеникот Групко – маскотата на Grouper, кој беше во постојана интеркација со гостите преку танцување и фотографирање.

За 4 години постоење Grouper.mk услужи над 80.000 корисници кои купија над 270.000 купони од над 1500 компании, од вкупно објавени 7500 зделки. Порастот на онлајн трансакции, а со тоа и продадени купони изнесува над 33% споредено со 2013та година.