Оглас за вработување во неколку општини во Р. Македонија

Оглас за вработување во неколку општини во Р. Македонија

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013)

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 66/2015
за вработување на 1 државни службеници во Општина ДОЈРАН за следните работни места: 

1. Соработник за заштита на животната средина, Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Природни науки
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- познавање на работа со компјутер
- доверливост
- способност за тимска работа
Плата: 22.588,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:00 до 16:00 ; Работни денови: од понеделник до петок

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 73/2015
за вработување на 4 државни службеници во Општина СВЕТИ НИКОЛЕ за следните работни места: 

1. Соработник за заштита од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и локален економски развој (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки или природно-математички науки
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- комуникативност, иницијативност
- способност за работа под притисок
- добри организациски вештини
- добри интерперсонални и насочувачки вештини
- писмена комуникација
- познавање на англиски јазик
- работа со компјутери
Плата: 22.248,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Соработник за угостителство, туризам и трговија, Одделение за локален економски развој, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и локален економски развој (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - општествени науки
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- комуникативност, иницијативност
- способност за работа под притисок
- добри организациски вештини
- добри интерперсонални и насочувачки вештини
- ефективна и писмена комуникација
- работа со компјутери
Плата: 22.248,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3. Соработник за припрема на проекти за локален економски развој, Одделение за локален економски развој, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и локален економски развој (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- комуникативност, иницијативност
- способност за работа под притисок
- добри организациски вештини
- добри интерперсонални и насочувачки вештини
- ефективна и писмена комуникација
- работа со компјутери
Плата: 22.248,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 72/2015
за вработување на 1 државни службеници во Општина КИСЕЛА ВОДА за следните работни места:

1. Виш соработник за организациони работи, Одделение за координација на активностите на Градоначалникот, Сектор за поддршка на Градоначалникот (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - општествени науки или природно-математички науки или хуманистички науки
- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 23.207,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 67/2015
за вработување на 1 државни службеници во Општина КРАТОВО за следните работни места: 

1. Соработник за службенички однос и информативен систем за човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки - јавна управа и администрација
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- познавање на англиски јазик
- работа со компјутери и користење на интернет
- способност за тимска работа
Плата: 22.475,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:00 до 16:00 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општините, заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 66/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.