Временска прогноза: Умерено облачно со сончеви периоди и пораст на температурите
Вториот ден од работната седмица во Македонија ќе ни донесе стабилно и суво време. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Во вечерните часови и во текот на ноќта зголемување на облачноста.
Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер.Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 10 степени.
Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна температура до 8 степени.
Weather4all.com.mk