Оглас за избор на професионални набљудувачи

Оглас за избор на професионални набљудувачи

Во рамки на проектот “Проект на УСАИД за правна заштита на жените” чија основан цел е обезбедување на соодветна правна заштита на жените жртви на насилство и дискриминација, вклучувајќи го семејното насилство, сексуалното насилство, трговијата со жени и сексуалните работнички, имплементиран од страна на Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на – ЕСЕ во партнерство со Коалицијата „Сите за правично судење“,како активност е предвиден мониторинг на судски постапки од страна на професионални набљудувачи. 

За потребите на овој проект потребни се 30 (триесет) набљудувачи, 10 (десет) од Скопје и 20 (дваесет) од другите градови во Р. Македонија (посебно но не и исклучиво од Битола, Гостивар, Штип, Велес, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица и Тетово)

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - од областа на правото;
- Да се придржува до следниве принципи: непристрасност, објективност и доверливост;
- Да присуствува на две дводневни обуки за монитори за набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство кои ќе се одржат на 12 и 13 февруари и на 19 и 20 февруари во Скопје (за кандидатите/ките кои не се од Скопје обезбедено е ноќевање, храна и превоз);
- Основни познавања за работа со компјутери (Word 2013);
- Да покажат интерес за следење на судски предмети.

За мониторирањето на судските предмети на набљудувачите им се исплаќа соодветен паричен надомест.

За таа цел Коалицијата “Сите за правично судење” ги повикува сите заинтересирани млади правници и правнички да испратат свое резиме/CV и мотивациско писмо (најмногу една страна) на електронската адреса: hr@all4fairtrials.org.mk најдоцна до понеделник, 9ти февруари 2015 година.

Само избраните кандидати/ки кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани. Ве молиме без телефонски јавувања