Што НАСА планира да прави на Европа?

Што НАСА планира да прави на Европа?

Подготвил: Драгана Петрушевска

НАСА навистина сака да оди на Европа, една од месечините на Јупитер, а секој кој знае нешто повеќе за егзобиологијата знае зошто е тоа така. Па? Водата.


На Земјата, водата е „горивото“ кое дава живот. Секако, тука постојат и други фактори, но водата е основниот дел кој е потребен за раѓањето на живот. Сите истражувања на човекот во потрагата по надворешен живот вклучуваат потрага по вода. Онаму кадешто има вода, можно е и да има живот.

Во буџетот на НАСА за 2016 година е земен предвид и план за истражување на Европа. Според НАСА, ова е првпат како буџетот дозволува развој на мисија за Европа.

Што НАСА планира да прави на Европа?

Листата на потребни алатки појаснува малку: радар за кршење на замрзнатата површина, инфрацрвен спектометар за истражување на составот на површината, топографска камера за правење слики со висока резолуција од површината.

Според податоците кои ги имаме сега, количеството на вода под површината на оваа мала, замрзната месечина е приближно 2,3 пати поголемо од океаните тука на Земјата. Имајте предвид дека Европа е малку помала од Земјата. Штом месечината има толкаво количество вода, веројатно е дека оваа вода е во течна агрегантна состојба, а онаму кадешто има течна вода, има и живот, според научниците кои сметаат дека мисијата е одличен потег од НАСА.

Мисијата веројатно ќе трае три години, а во тие три години, вселенско летало ќе ја обиколува месечината за време на тој период. Главната, а веројатно и единствена, цел на мисијата е наоѓање живот на месечината.