НУ Центар за култура Битола има потреба од ...

НУ Центар за култура Битола има потреба од ...

Врз основа на член 13, 14 и 15, член 22 и 23 Службен весник на РМ бр. 145/14 и Одлуката на Директорот на НУ Центар за култура Битола бр. 04059 од 05. 02. 2015 година Националната Установа Центар за култура Битола, објавува: 

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на неопределено време НУ Центар за култура Битола има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со двајца извршители на следните работни места: 

1. Електричар- мајстор на светло 1 извршител кандидатот за ова работно место покрај општите услови предвидени со ЗРО треба да ги исполнува и следните услови:- ССС- средно техничко училиште со познавање на работа на компјутер- без работно искуство- работното време е во траење од 40 часа неделно, 8 часа дневно, двократно- основната плата изнесува 19. 234, 00 денари

2. Билетопродавач 1 извршител кандидатот за ова работно место покрај општите услови предвидени со ЗРО треба да ги исполнува и следните услови: -ссс- без работно искуство- работното време е во траење од 40 часа неделно, 8 часа дневно, двократно- основната плата изнесува 18. 237, 00 денари

Потребни документи за доставување се:
- Барање
- Диплома за завршено образование
- Лекарско уверение за општа здравстена способност

Огласот е отворен 5 пет работни дена од денот на објавувањето во јавното гласило, a изборот ќе се изврши во рок од 8 осум работни дена од денот на завршување на огласот.

Потребната документација во оригинална форма или заверена копија на нотар се доставува во архивата на НУ Центар за култура Битола или на адреса ул. Широк Сокак бр. 60, 7000 Битола, тел. 047/233419, лице за контакт Лилјана Димитрова Пецакова. Некомплетните документи нема да се разгледуваат. Со избраниот кандидат се склучува договор за вработување на неопределено време. НУ Центар за култура Битола