Оглас за вработување во Агенција за филм на Република Македонија

Оглас за вработување во Агенција за филм на Република Македонија

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 129/2015
за вработување на 2 државни службеници во Агенција за филм на Република Македонија за следните работни места: 

1. Раководител на одделение за финансиски прашања (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - економски науки
- Најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 година во државна служба и најмалку 3 години во областа на финансиите
- одлични раководни способности
- способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок
- комуникативност, чесност и лојалност
- ефективна, вербална писмена комуникација
- способност за тимска работа
- организациски вештини
- активно познавање на англиски или друг светски јазик
- познавање на работа со компјутер
Плата: 28.277,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Раководител на одделение за внатрешна ревизија (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или 300 ЕКТС - Економски факултет
- Најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 година во државна служба и најмалку 3 години во областа на внатрешната или надворешната ревизија
- одлични раководни способности
- активно познавање на англиски или друг светски јазик
- познавање на работа со компјутер
- способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок
- комуникативност, чесност и лојалност
- ефективна, вербална писмена комуникација
- способност за тимска работа
- организациски вештини
- да поминал обука и положил испит за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор според Програма за полагање на испит за овластен внатрешен ревизор, или да поседува меѓународно признат ревизорски сертификат Плата: 28.277,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Агенција за филм на Република Македонија заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 129/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk. НАПОМЕНА: За работното место број 2 условот да поминал обука и положил испит за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, според Програма за полагање на испит за овластен внатрешен ревизор или поседува меѓународен признат ревизорски сертификат и со судска одлука да не му е изречена мерка забрана за вршење на дејност или професија додека трае забраната ќе се применува од 01.01.2017 година.