Првиот човек на Марс

Првиот човек на Марс

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Алиса Карсон има само 13 години, меѓутоа е доволно возрасна со оглед на тоа што таа ќе биде првиот човек кој ќе стапне на Црвената планета - Марс.

 

vselena


Со НАСА соработува веќе 9 години, и ќе биде дел од лансирањето на човечката мисија на Марс во 2030 година. Нејзината авантура започна уште од 3 години кога му кажа на татко и` дека сака да биде астронаут кога ќе порасне.

Како и повеќето родители, нејзиниот татко и` рече дека може да биде што сака, без да ја сфати сериозноста на нејзината изјава. Кога ја пронајде како таа студира мапи од Марс, тој одлучи да ја однеси на вселенски камп - најубавото искуство што некогаш го ибала.

Алиса зборува четири јазици и веќе одржува говори за сите да ги следат нивните соништа. Иако има уште време до лансирањето, таа е првата личност која учествувала на сите три вселенски кампови на НАСА кои на астронаутите им даваат можност да искусат нулта гравитација и симулации од вселенските летови. Алиса исто така го има завршено пет дневниот вселенски камп кој ги тестира физичките можности на учесниците, како и НАСА програмата за пасош која вклучува патување во сите вселенски агенции во Америка.

Таа се надева дека ќе биде првата личност која ќе го истражи Марс во живо, и како што вели, се подготвува за патувањето. Главната причина за нејзината потреба да оди таму е затоа што Марс е место кадешто никој никогаш не отишол, и место кое може да биде следната Земја.

Иако нејзините планови се далеку во иднината, таа неколку пати била запрашана кои ќе бидат нејзините први зборови кога ќе ги направи првите чекори на Марс. „Често пати ми го поставуваат ова прашање, но се`уште го немам одговорот. Ова е нешто за кое се`уште треба да размислувам“, вели таа.