Нови герила акции на Студентскиот пленум

Нови герила акции на Студентскиот пленум

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Студентскиот пленум покрај другите подготвителни активности,  планира герила акции пред Седмиот генерален пленум „Автономна зона“.

 

студенти


Студентите се активни на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Природно математичкиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошки-металуршкиот факултет и Машинскиот факултет при УКИМ. Преку разговори, делење на брошури, транспаренти и презентација на нивната платформа тие се надеваат за зачувување на автономноста на универзитетот.