Конечно, објаснети причините за појава на рак

Конечно, објаснети причините за појава на рак

Подготвил: Драгана Петрушевска

Се шират многу митови поврзани за ракот. Една е дека доколку во семејството не сте имале заболен од рак, безбедни сте. Друг е дека необичен облик на градата е дефинитивен знак на рак на дојка. Сите овие митови се шират поради незнаење.


За да разбереме што го предизвикува појавувањето на ракот мора да разбереме што се случува со клетките во нашето тело бидејќи таму започнува се'. Просечниот возрасен човек има 100 трилиони клетки. Овие клетки растат, се разделуваат и умираат. Нашата кожа, на пример, губи 40.000 клетки во минута.

Што се случува кога нешто не е како што треба кога мртвите клетки се заменети со нови? Ракот се раѓа онаму кадешто овие абнормални клетки започнуваат да создаваат пустош и да не изумираат. Тие започнуваат да ги уништуваат здравите клетки. Овие болни клетки се како терористи и започнуваат да создаваат тумори кои, доколку не се третираат, ја преземаат клеточната структура на телото, ги уништуваат ткивата и водат со смрт.

Што го предизвикува ова?

На причините за рак мислете како на сложувалкаа. Има повеќе стотици делови кои треба да ги споите. Научниците откриле дел од деловите, но дури кога ќе ја завршат сложувалката ќе ги разберат причините за појавата и ќе се создаде ефективен лек за болеста. Биле откриени многу причини, но не е сигурно како и каде се наоѓаат во сложувалката.

Водечките причини за појава на рак се: изразеност на карциногени, генетските фактори, начинот на живот, нивото на киселини во телото, клеточните мутации кои не можете да ги контролирате.

Истражувачите откриле дека клеточните мутации се појавуваат случајно во 66% од случаите на заболување од рак. Тука не можеме да сториме ништо. Едноставно, може да немате среќа и да заболите или да имате среќа и да не заболите.

Кога се работи за останатите причини, еве неколку работи кои може да помогнат во намалување на шансите за заболување.

Водата за пиење

Во водата за пиење понекогаш има хемикалии кои се карциногени. Затоа, побезбедно е да се пие филтрирана вода.

Бидете активни

Неактивноста се поврзува со дијабетесот, срцевите болести, здебелувањето и некои видови рак. Експертите препорачуваат редовно вежбање за да се одбегнат овие проблеми.

Спиење во темно

Жените имаат поголеми шанси за добивање рак на матката или дојката доколку спијат на светлина бидејќи светлината може да влијае на лачењето на мелатонин, што може да го зголему лачењето на естроген. Премногу од овој хормон може да предизвика рак.

Одбегнете хемиско чистење

Некои од хемикалиите кои се користат при хемиското чистење се поврзуваат со некои ракови.

Одбегнувајте радијација

Премногу скенирања или премногу сончева светлина може да предизвикаат рак, како што знаеме од случаите со нуклеарните експлозии во Јапонија.

Внимавајте на исхраната

Експертите не се сигурни како овошјето и зеленчукот помагаат во спречување на ракот, но едно е сигурно: во оваа храна има многу антиоксиданси кои помагаат во борбата на ракот.

Заборавете на пушењето

Од сите смртни случаи предизвикани од рак, пушењето е присутно во приближно една третина. Истражувачите денес ни кажуваат дека пушењето го оштетува секој орган во телото, па зошто продолжуваме?