Нема предавања, студентите целосно ги окупираа факултетите!

Нема предавања, студентите целосно ги окупираа факултетите!

Подготвил: Драгана Петрушевска


Филозофскиот, Филолошкиот, Правниот, Економскиот факултет под окупација од страна на студентите. Предавања нема бидејќи студентите ги напуштија амфитеатрите и предавалните за да прогласат автономна зона по иницијатива на пленумците.




„Универзитетот треба да претставува бастион на критичката мисла која води кон напредок, место каде не те учат што да размислуваш туку како! Затоа сметаме дека е нужно да се прогласи автономна зона за симболично ослободување на универзитетот. Прогласуваме автономна студентска зона и универзитет под студентска контрола! Овој пат дефинитивно ја прекардашија и нема да им помине“, велат студентите.

Окупацијата беше најавена на состанокот на Генералниот пленум изминатата недела. Сега таа започна да се спроведува по изгласувањето на новиот закон за високо образование.