Викенд временска прогноза... Какво време ни претстои овој викенд?

Викенд временска прогноза... Какво време ни претстои овој викенд?

Петок ќе ни донесе студено но и понекаде магловито утро, со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -11 до до -1 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 2 односно до 11 степени. Слаб северен и северозападен ветер, а во крајните западни и источни предели ќе дува слаб североисточен ветер.

Во вечерните часови повторно ќе има појава на магла, која понекаде ќе ја намали видливоста и под 100 метри.

Во Скопје во петок ќе биде сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -4 степени, а максималната дневна температура до 8 степени.

Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од -9 до 1 степен, а максималните дневни ќе се движат од 4 до 13 степени.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -8 до 2 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Weather4all.com.mk