Оглас за вработување во Микросам

Оглас за вработување во Микросам

Микросам Прилеп АД е единствена компанија во регионот за производство на современи,компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали и истата има потреба за вработување на:

- РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – 1 работно место

Основни одговорности и задачи:

• Изработка и испраќање на документи (понуди, спецификации, договори и сл.) до купувачи
• Контактирање со добавувачи и купувачи во однос на тековните проекти
• Посета на добавувачи и купувачи
• Стручна поддршка на саеми, конференции и семинари


Квалификации и компетенции:

• Минимум завршено средно образование (предност ќе имаат лицата кои завршиле или се студенти на Економски факултет, Машински факултет или Електро факултет)
• Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
• Одлични комуникациски способности
• Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
• Посветеност, лојалност и дискреција
• Познавање MS Office
• Со и без работно искуство


Што нудиме?

• Одлични услови за работа во креативна средина со амбициозен и професионален тим
• Континуирана обука од меѓународно признаени кадри и можност за напредување
• Можност за учество на меѓународни проекти
• Слобода за креативно размислување и идеи
• Почетна нето плата во износ од 12.000,00 до 60.000,00 денари
• Дневното работно време е 8 часа, од 08:00 до 17:00 часот (пауза од 12:30 до 13:30 часот)
• Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок
• Можност за користење на организиран превоз и исхрана

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани да бидете дел од нашиот успешен тим, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната

email адреса: info@mikrosam.com.

Рокот за пријавување е до 20.02.2015г..

Назив на работодавач: Друштво за електроника, дизајнирање и производство МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп А.Д., седиште: ул. Крушевски Пат бб, 7500 Прилеп, Р.Македонија,телефон: 048 400 100 ;

лице за контакт: Симона Ангелеска

По истекот на рокот, пријавените кандидати кои доставиле комплетна документација ќе бидат повикани на тестирање и/или интервју врз основа на кои ќе се изврши селекција .

Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.