Оглас за вработување во Шпаркасе Банка
ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА НАСЕЛЕНИЕ, РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА – ЦЕНТАР, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА (1 позиција, определено време од шест месеци со можност за продолжување), работно место во Скопје
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, економски факулетет;
- Најмалку 2 години работно искуство во продажба на банкарски производи и услуги;
- Познавање на сите кредитни, картични и депозитни производи и услуги на банката наменети за население како и познавање на другите услуги што ги нуди;
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на законската регулатива /прописите, познавање на процесите во Банките и на регулативата на НБРМ;
- Одлични комуникациски и организациски вештини, развиени вештини за преговарање и продажба, ориентираност кон постигнување цели и тимска работа, работа во динамична средина и способност за работа под притисок, вештини за самостојно планирање и одлучување, вештини за трансфер на знаење;
- Возачка дозвола Б категорија.
Опис на работното место/одговорности:
- Сеопфатно сервисирање на клиенти (финансиски и сите останати банкарски услуги) – прием и обработка на кредитни барања;
- Грижа и следење на постоечките клиенти;
- Аквизиција на нови клиенти;
- Активна продажба на сите производи и услуги;
- Активно учество во креирање на нови производи;
- Отварање, затварање и водење на сметки и депозити (денарски и девизни трансакциски сметки, штедни книшки и орочени депозити);
- Активна продажба на депозитните продукти на Банката и совети за орочување;
- Развој на депозитно и кредитно портфолио на експозитурата;
- Зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross selling);
- Надгледување на пласманите и наплата - следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање и координација на работата со службите за наплата;
- Анализа на резултатите и предложување мерки за подобрување на продажбата и препознавање на потенцијалните клиенти, сегментација и категоризација на клиентите;
- Следење на работата на конкуренцијата;
- Изготвување на извештаи.
Работно време: понеделник - петок од 08:30 до 16:30 часот, сабота 09:00 до 13:00, работа во смени, 40 часа неделно.
Почетна основна месечна нето плата: 27.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 23.02.2015 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.