Викенд временска прогноза - Какво време не очекува

Викенд временска прогноза - Какво време не очекува

Денеска во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од -9 до 1 степен, а максималните дневни ќе се движат од 4 до 13 степени.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -8 до 2 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Извор: weather4all.mk