Која професија е најисплатлива?

Која професија е најисплатлива?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Доколку повторно би биле во можност да избирате која професија би ја избрале? Кој е најдобриот начин за учење на занает? Дали е потребно училиште за човек да биде успешен мајстор?

 

мајстор


Сите овие прашања ги мачат многу луѓе кои штотуку влегуваат во бизнис. Затоа потребна е помош. Покрај постоечките професии (столари, механичари, електричари), се појавуваат и нови за кои не знаеме доволно. На пример, сега постојат луѓе  кои инсталираат соларна енергија како перспективна професија. Исто така, секогаш постојат работни места за заварувачи и се нудат добри плати.

Но, занаетите во нашата земја не се ценат доволно. Не се доволно платени, а самостојните занаетчии не можат да заработат многу поради слабите платежни способности на граѓаните. Сепак, се` помалку деца се одлучуваат за нив, и сите се одлучуваат за подобра кариера, такашто на пазарот на трудот можете да пронајдете се` помалку квалитетни електричари и водоинсталери.

Младите чираци треба доста да работат за да станат добри мајстори. Потребно е да учат од помала возраст и да работат како чираци барем неколку години. Работата и трудот секако се исплаќаат, бидејќи добрите мајстори заработуваат повеќе од многу адвокати и економисти. Родителите денес грешат бидејќи подобро би било децата кои не се заинтересирани многу за учењето, да ги запишат на некој занает или да ги однесат кај мајстор да учат, па секогаш да имаат загарантиран извор на плата. Заварувачите на пример се добро платени, но за жал кај нас не постои училиште.

Условите за работа се тешки - исто и работата. Во иднина се очекува сите автомобили да бидат се` повеќе на електроника, такашто постојаното учење на нови технологии е важен дел од оваа професија.

Меѓу најдобро платени занаетчиски професии спаѓаат автомеханичари, автоелектричари, водоинсталатери, заварувачи и столари. Добриот керамичар заработува повеќе од просечната плата, а наплатува по квадрат. Приближно исто заработуваат и останатите занаетчиски професии.

Според податоците од Форбс, електричар во странство во просек заработува повеќе од 4.000 долари, стакларот 3.000 долари, а водоинсталатер преку 4.000 долари.