Морнари од цела Европа на обука во Македонија

Морнари од цела Европа на обука во Македонија


 
Во Скопје - Формиран интернационален тренинг центар

Македонија нема море ни своја флота на бродови кои би пловеле во интернационални води под Македонско знаме но сепак е регистрирана на светската карта како центар за обука за морнари .


Од почетокот на февруари, во Скопје почна да работи првиот македонски (интернационален) тренинг центар за добивање на поморски сертификати за работа брод.



Ова е уште едно од врвните достигнувања во оваа област на македонската компанија Коузон која со ова дејност се занимава 18 години. Покрај активните вработувања кои се остваруваат за кандидати од Македонија за вработување на најголемите бродски компании, Коузон успеа да добие лиценца за изведување на оваа обука од неколку светски интернационални институции.

За потребите на обуката, Коузон изгради свој полигон за противпожана заштита опремен со најсовремена техника за обука за заштита од пожари.

Деновиве во Скопје се изведуваат обуки на кои учество земаа кандидати од сите Балкански држави, но и од Шведска, Франција, Италија , Швајцарија и Шпанија.

Обуките траат 6 дена во кои порај теоријата има и практичен дел кој опфака и обука на вода и противпожарна заштита.



Идејата е овој тренинг центар да прерасне во регионален центар за обука и добивање на интернационалните STCW серификати кои им се потребни на сите лица кои планираат да работат на брод (патнички или товарен) и на лица кои професионално или аматерски управуваат пловни објекти.