Оглас за вработување во Трансмет

Оглас за вработување во Трансмет

“ТРАНСМЕТ” ДОО – Скопје реномирана градежна компанија со повеќе од 20 год. искуство во градежниот сектор,во насока на проширување на својот тим, распишува оглас за вработување на:

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Потребни квалификации:
•    Универзитетско образование, ВСС – Градежен факултет
•    Овластувањa А
•    Мин.5 години искуство во изградба на инфраструктурни проекти
•    Претходно работно искуство на проекти од нискоградба ќе се смета за предност


Одговорности:
•    Изградба на објекти од нискоградба
•    Познавање на оперативни практики на градежништвото
•    Вештина во организирање на ресурси и воспоставување на приоритети
•    Способност за самостојно раководење со проекти
•    Способност за формирање и водење на тим
•    Останати оперативни и административни обврски врзани за тековно работење

Лични карактеристики:
•    Одлични организациски и аналитички способности
•    Силни интерперсонални и комуникациски вештини, способност ефективно да работи со сите нивоа на менаџментот
•    Самоиницијативност и мотивираност
•    Посветеност, лојалност и одговорност
•    Подготвеност за работа во дадени рокови

На сите кои ќе се приклучат на нашиот тим им нудиме солидна плата и одлични услови за работа.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да го достават своето CV со фотографија на нашата e-mail адреса: vrabotuvanje@transmet.com.mk , со назнака: “Оглас за вработување - Градежен инженер“.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!