Оглас за вработување на 30 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика

Оглас за вработување на 30 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА 
објавува 
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 152/2015 
за вработување на 30 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика за следните работни места 

1. Помлад соработник за административно- оперативна и техничка поддршка за воспоставување соработка со хуманитарни организации, Одделение за евидентирање на корисници на права и услуги од социјална заштита и соработка со други даватели на социјални услуги, Сектор за социјална заштита (7)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени или Хуманистички науки
- Без работно искуство
- Познавање на англиски или друг светски јазик
- Познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
Плата: 20.976,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Виш референт – Документарист –архивар, лоцирано во Скопје, Одделение за нормативни, општи и заеднички работи, Сектор за правни, нормативни, општи и заеднички работи (5)извршител(и);
- Више или Средно образование (VI или IV)
- Најмалку две (2) години работно искуство во струката
- Познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
Плата: 14.926,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3. Помлад референт – Внатрешен Доставувач, Одделение за нормативни, општи и заеднички работи, Сектор за правни, нормативни, општи и заеднички работи (18)извршител(и);
- Више или Средно образование (VI или IV)
- Без работно искуство
- Познавање на MS Office апликации и користење на Интернет
Плата: 13.161,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за труд и социјална политика заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (20) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 152/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат. Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk. Работните места се предвидени во согласност со Закон за социјална заштита и Програма за вработување на лица кои до 18 години имале статус на дете без родители и без родителска грижа - Програма Д-10 за 2015 година