Студентската окупација во Чиле - заслужна за бесплатното образование

Студентската окупација во Чиле - заслужна за бесплатното образование

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Замислете апсолутно бесплатно образование за сите студенти кои ќе се финансира од буџетот врз основа на данокот на компаниите. Ви звучи како научна фантастика? Верувале или не, Чиле го прави токму ова.

 

cile


Имено, од март 2016 година високото образование во Чиле ќе биде бесплатно за сите студенти.

Чилеанскиот образовен систем е еден од најскапите во светот и овој проблем се смета за наследство на диктаторот Аугусто Пиноче, чиишто реформи го зголемија и пореметија јавното образование, заменувајќи го со пазарен модел со кој се приватизираа голем број на образовни институции.

Како резултат на овие реформи, студентите не беа во можност да платат школарина, а оние кои успеваат да добијат диплома, не можат да ги исплатат студентските кредити. Причината зошто школувањето е толку скапо во оваа земја е тоа што образовните институции во Чиле добиваат малку финансиски средства од буџетот на државата. Не може да се негира дека поради тоа чилеанските образовни институции имаат низок ранг на светските ранг листи, така што основното образование на оваа земја се наоѓа на 119-то место од вкупно 144 земји, додека високото образование се наоѓа на 91-то место од 117 кога станува збор за природните науки.

Се прашувате како е возможно од оваа негативна слика, да произлезе бесплатно образование за сите студенти? Се` започна со студентите кои не се двоумеа да го искажат своето незадоволство на улиците за време на демонстрациите во 2006 година и таканаречената Пингвин револуција, која симболично го добила името по тоа што студентите носеа црно-бели униформи, сакајќи да истакнат дека „образованието е човечко право“. После протестот студентите достигнаа мала победа, но примарната цел за бесплатно образование не била постигната.

Протестите ескалираа во 2011 година кога студентите 8 месеци ги блокирале факултетите. 800.000 студенти ги преплавија улиците низ градовите, со поддршка од 81% од населението.

Конечно, идејата за бесплатно образование беше одобрена пред неколку недели кога Конгресот донесе закон кој застана на патот на профитирањето.

Со тоа, студентите на Чиле го покажаа патот кон подобар образовен систем.

Поврзани информации

Како помина вчерашниот ден низ фотографии