Владата на Република Македонија има потреба од...
ОГЛАС за пројавување на интерес за ангажирање на Раководни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА има потреба од ангажирање на компетентни и високо мотивирани кандидати за Раководни позиции, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во следниве сегменти:
Регистирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Лозарство, винарство и овоштарство
Консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели
Телото за управување со средства од петтата компонента ИПА (ИПАРД)
Заинтересираните кандидати потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за целосна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
Да се државјани на Република Македонија;
Да имаат завршено високо образование од областа на земјоделските науки; (за позициите под реден број 1, 2 и 3);
Да имаат завршено високо образование од областа на земјоделски/ ветеринарни/ технолошки/ економски/ правни и други општествени науки, a како предност ќе се сметаат завршени магистерски или докторски студии од земјоделието - рурален развој; (за позицијата под реден број 4);
Да имаат минимум 5 години работно искуство, како предност ќе се смета искуство во областа на земјоделието и руралниот развој;
Да имаат професионално искуство со меѓународни организации и европска комисија, како и учество во меѓународни проекти од областа на рурален развој, децентрализирано управување со ЕУ фондови или заштита на животна средина; (за позицијата под број 4)
Дополнителна специјализација или посетена обука од областа ќе се смета за предност; (за позицијата под број 4)
Да имаат одлично познавање на англискиот јазик на акaдемско ниво (вербална и писмена комуникација), за позицијата под реден број 4 познавање на друг светски јазик ќе се смета за предност;
Да имаат одлични компјутерски вештини;
Да имаат одлична способност за градење меѓучовечки и професионални односи;
Да имаат одлични организациски и аналитички вештини;
Способност за објективно разгледување и развивање на нови решенија за одредени прашања;
Посветеност на работата и способност за работа во услови на притисок и стрес, како и справување со повеќе задачи одеднаш;
Поседување на мотивација за успех и волја за развивање на сопствените потенцијали;
АПЛИЦИРАЈТЕ
не подоцна од 22 февруари 2015, единствено со пополнување на електронската апликација која може да се најде на веб страната на Владата на Република Македонија на следниот линк
http://www.vlada.mk/konkursi/apliciraj/zemjodelie
Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само НАЈСПОСОБНИТЕ и НАЈСООДВЕТНИТЕ кандидати за позицијата за која се аплицира.
Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оценка за кандидатот. Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска на Владата на Република Македонија, но со цел да се даде шанса на што поголем број на способни луѓе, Владата се одлучи на ваков чекор.