Оглас за вработување во Сокотаб
Реномирана мултинационална компанија која се занимава со откуп и преработка на тутун, за потребите на одделот за тутунов лист, објавува оглас за:
Специјалист за тутунов лист - помлад соработник
Број на извршители 5 (пет)
Улога:
Носителот на оваа работна позиција ќе биде вкпучен во сите активности поврзани со агрономија, откуп и преработка на тугун.
Главните одговорности на позицијата вклучуваат:
Спроведување на програмите на компанијата
Следење на реколтата во однос на нејзиниот напредок
Договарање, откуп, прием, шифрирање и преработка на тутун
Припрема на извештаи
Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:
Завршено средно четиригодишно земјоделско училиште (фармерско производство, агроменаџмент, земјоделски техники, производство на тутун и сл.
Универзитетска диплома од областа на земјоделството (производство и преработка на тутун, поледелство, заштита на растенијата и слично) ќе се земе во предвид.
Добро познавање на англискиот јазик
Компјутерски вештини посебно основните модули на МЅ Office алатките
Лиценца за проценител на тутун
Возачка дозвола
Работно искуство во тутунското производство или во тутунскиот бизнис би се сметало за предност. Заинтересираните кандидати можат да ја достават својата апликација (CV и мотивационо писмо), најдоцна до 28 февруари 2015 на следната адреса: Сокотаб ДОО Битола Оддел за човечки ресурси Драгожани. 7000 Битола Со назнака: Специјалист за тутунов лист- помлад соработник или на email адреса mk.hr@socotab.com
Вашата апликација треба да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации. Сокотаб ДОО Битола го задржува правото да изврши избор по сопствен наод и мислење, во законски предвидениот рок. Ве молиме имајте во предвид дека само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат понатаму контактирани. Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Сокотаб ДОО Битола, си додека не ни контакгирате за да ја повлечете вашата согласност.