Битолските пленумци:

Битолските пленумци: "И покрај студот и притисоците, нема да се откажеме!"

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Иако премрзнати, битолските студенти велат дека продолжуваат со окупацијата на Техничкиот факултет.

 

2

 


Парно се`уште немаат затоа што како што изјави ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, се штедело за нафта.

Како што велат студентите, окупацијата на Технички ќе продолжи уште најмалку 4 дена.

„Навечер ни е ладно, немаме доволно вреќи за спиење, ниту пак ќебиња. Воглавно атмосферата е добра, досега не сме имале никакви инциденти, се` се одвива во најдобар ред. Секој ден апелираме до граѓаните, а некои солидарни граѓани ни донираа неколку греалки, имаме ќебиња, но не во доволен број“, вели Христина Трајчевска од Студентски пленум - Битола.

 

1


За денешната програма предвидена е алтернативна настава од Проф.Д-р Константин Петковски на темата „Лидерството или хоризонтала“, а 19.30 часот е резервиран за „Jam Session“.

Вчера студентите имаа работна средба и со наставничкиот пленум од Битола, кои изразија поддршка и се приклучија на автономната зона. Студентскиот и наставничкиот пленум разговараа за решавање на проблемите и нивна идна соработка.

Во меѓувреме продолжуваат преговорите меѓу Министерството за образование, Ректоратот и Професорскиот и Студентскиот пленум. Првата средба, која беше минатиот четврток, студентите велат дека не беше одлучувачка. За наредната средба се очекуваат дефинирани ставови.

Со тоа, окупацијата на факултетите продолжува, се` додека власта не покаже сериозност кон нивните барања.