Оглас за вработување во Македонијалек

Оглас за вработување во Македонијалек

Македонијалек дооел Скопје, во насока на проширување на одделението за продажба, има потреба од двајца дипломирани фармацевти со лиценца за работа.

Потенцијалните кандидати ќе треба да ги извршуваат следните работни задачи:

-Прием и обработка на нарачки,
-Следење на продажба и наплата,
-Контакти и посета на комитенти ,
-Грижа за комитенти.

Услови кои се потребни

ВСС-Фармацевтски факултет,
Лиценца за работа,
Возачка дозвола Б-категорија,
Англиски јазик,
Работа со компјутери-office програми,
Работно искуство во аптека, а како предност ќе се смета работно искуство на иста или слична работна позиција.

Заинтересираните кандидати своите апликации можат да ги испратат на меил: info@makedonijalek.com.mk, со назнака Дипломиран фармацевт.