Средношколци од цела Македонија ја симулираа работата на Европските Парламентарци

Средношколци од цела Македонија ја симулираа работата на Европските Парламентарци

Шести пат по ред:  национална симулација Модел Европски Парламент – Македонија

Средношколци од цела Македонија ја симулираа работата на Европските Парламентарци

 
Во периодот од 20-ти до 22-ри Февруари во организација на Меѓународното училиште „НОВА“ а со поддршка на: ЕУ Инфоцентар и Градот Скопје беше организирана шестата национална симулација на Европскиот Парламент.

 

На овој настан учествуваа осумдесет ученици и дваесет професори од дваесет средни  училишта од Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Тетово, Битола, Охрид и Струга. Сите овие ученици се дел од МЕП клубовите во нивните училишта каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. МЕП клубовите  функционираат како дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта.

На симулацијата, сите учесници претставувајќи различна земја членка на ЕУ разговараа за теми кои се мошне актуелни  во моментов за Европската Унија, но и за Македонија како земја со кандидатски статус за членство во Унијата. Во текот на симулацијата учениците држеа говори, дебатираа и пишуваа резолуции.


 

Првите два дена симулацијата се одржуваше во просториите на Меѓународното училиште НОВА, додека последниот ден во просториите на Градското Собрание на Град Скопје.

На учесниците на симулацијата им се обратија заменик на претседателот на Владата на Р. Македонија задолжен за европски прашања, г-дин Фатмир Бесими, Н.Е. амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза, и директорот на Гимназијата НОВА, г-дин Виктор Новаковски, со свои инспиративни говори, зборувајќи за прашања важни за институциите кои ги претставуваат Европската Унија и младите.



Најдобрите петмина ученици од оваа делегација ќе имаат можност да ја претставуваат Република Македонија на Меѓународната симулација на Европскиот Парламент во Италија во март оваа година.