Условите кои треба да ги почитуваат стујардесите

Условите кои треба да ги почитуваат стујардесите

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Мислите дека од стујардесите се бара да бидат убави, дотерани и насмеани? Грешите.

 

стујардеса


Стујардесите вработени во авиокомпанијата, „Qatar airways“ која себеси се нарекува компанија со 5 ѕвезди, мораат од дирекцијата да бараат дозвола да се омажат.

Според податоците на Меѓународната федерација на транспортни работници, „Qatar airways“ вработува само немажени девојки како стујардеси, кои потпишуваат договор со кој мораат да останат во компанијата наредните пет години.

Стујардесите кои работат за катарската авиокомпанија мораат да побараат одобрување од дирекцијата доколку сакаат да се омажат. Бременоста може да биде причина за отказ.

Американската веб страната „Think Progress“ ваквиот третман на вработените го коментира со зборовите „ова се правила од 60-те години на минатиот век“ и дека е неверојатно што „Qatar airways“ е прогласена за втора најдобра компанија во светот за 2014 година врз основа на гласањето на преку милион патници ширум светот.

 


Претседателот на катарската компанија Акбар ал Бакер во март минатата година, после обвинувањата на сметка на правилникот за работа, изјави: „Секој вработен е должен пред стапувањето во работен однос да го прочита правилникот за работа. Оние кои го прифаќаат, мора да ги почитуваат правилата“.

„Qatar airways“ не е единствената компанија од овој вид која има интерни правила. Така на пример „China Southern Airlines“ секоја година организира конкурс под името Нова ѕвезда со цел да пронајде нови стујардеси. Кандидатките мораат да се појават во костум за капење.

Авиокомпанијата „Asian Airlines“ воведе строги правила во врска со должината на ноктите на стујардесите, бојата на шминката и препораки за фризури.