Меѓународни летни BEST курсеви

Меѓународни летни BEST курсеви

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

1

 

Доколку уште од сега мечтаете за незаборавно лето исполнето со патувања, нови пријатели и искуства; доколку сакате предизвици, доколку сакате да научите нешто ново или да го утврдите она што веќе го знаете но од различна перспектива, тогаш вашите очекувања ќе се исполнат во претстојната летна сезона на меѓународни курсеви која ја организира Здружението на Студенти по техника од Европа - BEST.

 

Курсевите се одржуваат ширум Европа, во период од 01.06 до 07.09.2015 година. Пријавувањето започна на 15.02 и трае до 22.03. За секој понуден курс, на студентите им е обезбедено сместување, храна, работилници, предавања но и журки и дружења. Единствено што плаќате сами е патот до местото на кое одржува курсот.

Предавањата се на англиски јазик, со што ова е одлична можност да го усовршите. После завршувањето на курсот добивате сертификат. Покрај сето тоа, имате и можност да се дружите и да работите со врсници од различни европски земји, да запознаете нова култура и на најдобар начин да ја претставите вашата.

За да се пријавите, потребно е да се регистрирате на страната www.best.eu.org. После тоа, можете да се информирате за понудените курсеви и да изберете најмногу 3 курсеви кои сметате дека имаат најинтересна тема. Следниот чекор е пишување мотивационо писмо и пополнување на пријавата, на којашто треба да одговорите на неколку поставени прашања во врска со темата на курсот. Вашата мотивација и желба да присуствувате на одбраниот курс, е единствениот критериум за избирање на учесниците. Пишувањето на мотивационо писмо е повеќе од едноставно, а помош можете да најдете тука.

BEST е непрофитабилна, аполитичка студентска организација која делува како мост меѓу Универзитетите, студентите и компаниите. Овој вид на размена на студенти и стекнување на нови искуства со години е традиција за ВЕЅТ, и голем број на студенти досега имаа можност да ги прошират нивните знаења од многу области и да посетат на 25 земји како Шпанија, Португалија, Турција, Италија, Грција, Унгарија, Данска, Шведска, Молдавија, Естонија и многу други.