Оглас за вработување во ЈП

Оглас за вработување во ЈП "Паркинзи" - Општина Центар

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи" на Општина Центар- Скопје објавува оглас за вработување на неопределено време за следниве работни позиции: 

1. Следење на наплата и наплата- 1 (еден) извршител

Кандидатот ќе биде одговорен за спроведување на административните и оперативностручните работи во одделението во функција на обезбедување навремена и ефикасна наплата на услугите што ги нуди јавното претпријатие;

Вид на образование: ССС/ВСС Работно искуство во струката: 1 (една) година

Посебни услови потребни за вршење на работата: MS Office апликации и користење интернет Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети- Докажани комуникациски вештини, организациски способности, динамичност и иницијативност, креативност, одговорност кон работа, способност за тимска работа, силни аналитички способности.

За ова работно место е предвидена основна нетоплата во износ од 19. 785, 00 денари.

Работната недела во компанијата е 40 часа, a работното време започнува во 08:00 часот и трае до 16:00 часот секој работен ден, од понеделникот до петок.

2. Паркинг контрола- 5 (пет) извршители

Кандидатот ќе биде одговорен за спроведување стручнооперативни работи во насока на унапредување и непречено функционирање на јавното паркиралиште, a со цел контролирано, законско и рационално функционирање на паркиралиштата

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови: Вид на образование: ССС Работно искуство во струката: 1 (една) година

Посебни услови потребни за вршење на работата: MS Office апликации и користење интернет Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети- организациски способности, динамичност и иницијативност, одговорност кон работа, способност за тимска работа, силни аналитички способности.

За ова работно место е предвидена основна нетоплата во износ од 16. 171, 00 денари Работната недела во компанијата е 40 часа, a работното време е во смени од понеделник до сабота.

Секој заинтересиран кандидат, кој ги исполнува горенаведените услови, може да го достави своето CV и писмо за мотивација (заедно со копија од дипломата и друга документација за бараната стручна квалификација) во седиштето на „Паркинзи" на Општина Центар или по пошта на: ул. 8ма Ударна бригада бр. 20а, 1000 Скопје, најдоцна до 3. 3. 2015 година.

Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи. Работниот однос со кандидатите ќе се заснова со пробна работа во времетраење од 2 (два) месеци и висина на плата во износ од 100%, од предвидената за работно место, за времетраењето на пробната работа. Задоцнетите и некомплетни пријави нема да бидат земени предвид. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, финалната селекција ќе се изврши најдоцна до 10, 3. 2015 година, a избраните кандидати ќе започнат со работа од 23. 3. 2015 година. Ве молиме без телефонски јавувања.