Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Служба за ЕРП и DWH решенија , Сектор за ЕРП, технологија и корпоративни решенија Област на Главниот директор за информатичка технологија 

Назив на работно место Соработник за апликативни решенија во DWH/BI доменот 

Краток опис на потребни вештини, знаења:

Услови:

Високо образование – Факултет за Информатички науки и компјутерски инженерство, Факултет за Информатички технологии или останати технички факултети
Практични познавања на еден од следните програмски јазици: C# или Java или PHP
Практични и теоретски знаења од областа на релациони бази на податоци, Познавање на SQL,PL/SQL,Oracle
Напредно познавање на Excel
Компјутерски вештини (MS Office, Power Point)
Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:

Учествува во извршувањето на активности во делот за дизајн на интерфејси во DWH системот со изворните системи
Учествува во дизајн, развој, имплементација и одржување на OLAP коцки
Дневно следење на ETL процеси
Учествува при моделирање на податоците во Business Intelligence алатката
Извршување на секојдневните активности и одржување на ETL (Oracle Warehouse Builder), BI системот (Cognos), SPSS , SAS Campaign management системот, Data Mining data-mart и data mining моделот
Учествува при изработка на ad-hock извештаи

Способности и вештини:

Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа, посветеност на работата
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 20.513,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Соработник за апликативни решенија во DWH/BI доменот

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.